за ЕУРЕКАнаставни методиконтактгалеријауслуги       

почетна

зошто сме најдобри?

придобивки

клиенти

коментари

 

За Еурека

Математичкиот едукативен центар "Еурека" започна со работа пред три години. Се наоѓа во н. Аеродром, близу до поликлиниката "Јане Сандански". Располага со училница опремена со сите потребни нагледни средства и помагала потребни за изучување на математиката, како и со голема палета на домашна и странска литература. Воедно, располага и со училница со компјутери каде понекогаш се применува она што се изучува во математиката.

Се организираат како индивидуални часови, така и групни часови по математика за основци, средношколци и студенти. Групните часови се водат како курсеви по математика со по две посети во неделата во времетраење од 1 - 1,5 час (во зависност од возраста на ученикот). Иако, за време на индивидуалните часови, на ученикот или студентот му е посветено целото внимание од страна на професорката, успехот воопшто не изостанува и при посета на курсевите, каде бројот на учениците се движи од 3 - 6 ученици во група од иста генерација.

Со посета на курсевите по математика во нашиот математичко - едукативен центар "Еурека" за една прифатлива цена учениците ја изучуваат истата материја што ја изучуваат по предметот математика во училиште, со тоа што секогаш постои стремеж да се биде понапред со материјата од училиште. Целта за тоа е кога во училиште ќе дојде на ред лекцијата која ученикот веќе ја има совладано во нашиот центар, на часот по математика тој веќе чувствува поголема самодоверба, а секако и со веќе стекнатото знаење покажува поголема активност и креативност .

 

Ваквата работа во мали групи по математика на ученикот му обезбедува континуитет и успех во учењето, како во математиката, така и во физиката. Овие два предмета постојано се надополнуваат еден со друг на што укажува и фактот што на голем број ученици кои имаат проблеми и пропусти во математиката, истото им се случува и при изучувањето на физиката. Секако, не треба да се заборави дека со вежбање на задачи по математика се подобрува мисловниот процес на ученикот, се поттикнува апстрактното мислење, способноста за анализирање, како и извлекување на заклучоци при дадени претпоставки.

Во последно време, во центарот "Еурека" се актуелни и посетувани како индивидуалните, така и курсевите по математика на англиски јазик според програмата од приватните училишта низ Македонија.

Работното време на центарот е флексибилно и во согласност со потребите на клиентите.


Математичко-едукативен центар "Еурека"
Ул. "Руди Чајавец" бр. 6; Тел. 2464-134/374; Моб. 075 607 906